Тимот на Победа Прилеп е на пат да се врати онаму каде што му е местото. Во првата лига. Некогашниот шампион на Македонија е во моментов дел од втората ВМФЛ, но со позицијата на табелата ветува дека тој статус наскоро ќе се промени.
Па така, Прилечани се втори на табелата, имаат 37. бодови, два помалку од лидерот Слога Виница, и се наговестуа дека оваа пролет за Победа ќе е успешна. Има уште доста да се игра, дерби мечевите се пред нас и Победа посакува на крајот да е прва.
Амбиција, план, кој е достижен но само ако клубот конечно застане на здрави нозе. Дознаваме дека во текот на вчерашниот ден, фудбалерите и покрај исполнетите обврски на терен, и обезбедените бодови, финансиски не се испочитувани до крај од страна на клубот и одбиле да го одработат тренингот. Се надеваме дека наскоро се во Победа ќе биде како што треба, и дека наскоро овој клуб, и полните трибини во Прилеп, како што одсекогаш биле, ќе бидат декор на ПМФЛ и дека најфудбалскиот град во Македонија повтостно ќе сјае во полно светло.