Промовирана стратегијата за женски фудбал „Повеќе жени повеќе голови“ 2021 – 2025

195

Денеска на прогодна свечаност во хотелот „Хилтон“ во Скопје, Фудбалската Федерација на Македонија ја промовираше својата стратегија за развој на женскиот фудбал. Во присуство раководството на Федерацијата, но и на пригодни гости како амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир, како и Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз, ФФМ официјално го објави планот и начинот на кој посакува да се движи овој спорт во нашата земја.

Секако, со намера беше одбран токму овој ден за промоција на овој проект, 8 март, меѓународниот ден на жената како симбол на рамноправност во сите свери од животот.

На самиот настан најпрво се обрати потпретседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Лазар Ракиџиев кој во името на сите инволвирани во проектот рече дека истиот има за цел да го направи фудбалот најпопуларен спорт во Македонија.

„Нашата цел е да го направиме фудбалот да биде спорт број еден во нашата земја. Спорт кој ќе биде пр избор и на мажите и на жените. Сакаме со оваа стратегија да создадеме услови со кои секое девојче од најмала возраст ќе има услови и шанса да го покаже својот талент“ – изјави Ракиџиев. 

Андонова: Нашата визија е фудбалот да стане спорт број еден за жените во Македонија

Потоа со специјално видео подготвено токму за овој настан, нашата најдобра фудбалерка и репрезентативка, Наташа Андонова порача дека фудбалот е нешто што го направил нејзиниот живот прекрасен и дека тоа го посакува за сите талентирани девојчиња.

„Нашата визија е фудбалот да стане број еден спорт за сите жени и девојчиња во Македонија„ – рече Андонова.

Македонија нема голема традиција во женскиот фудбал, па токму затоа и ФФМ се реши да ја проведе оваа стратегија која што ќе создаде подобри услови за развој, и секако со самото тоа да дојде и популаризацијата на женскиот фудбал. Несомнено со самиот развој ќе пристигнат и резултатите односно успесите, затоа што со напорна работа се постигнува се.

„Немаме магично стапче па преку ноќ да донесеме резултати. Ние, клубовите, и сите оние инволвираните, односно оние кои даваат поддршка треба напорно, и пред се заеднички да работиме во развојот на фудбалот, за да имаме еден ден со што да се гордееме“ – изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. 

Конечно, ако има човек кој што е компетентен, а воедно и есктремно успешен во оваа фудбалска бранша, е селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД, Влатко Андоновски Шате кој со видео обраќање и честите на ФФМ за проектот и посака успешна работа.

Андоновски: Фантастичен проект на ФФМ

„Ова е фантастичен проект на ФФМ. Дефинитивно со ова ќе се забрза развивањето на женскиот фудбал во Македонија. За да се остварат сите амбициозни планови, мора да се има поддршка од сите страни, од сите свери не само од Федерацијата. Со ваков план, и со ваква поддршка ни следи добра иднина. Кога жените се успешни, сите ние сме успешни. Со полно срце ги поддржува напорите на ФФМ и треба сите да го дадеме својот придонес во овој проект“ – изјави Андоновски. 

 

 

ПретходноДимитриоски успешно опериран!
СледноШкотска броеше до девет