Откако француската Лига 1 ги откажа преносите во Русија, тоа го направи и англиската Премиер лига. За ваков потег се решиле со цел да покажат солидарност со Украина, која речиси две недели води битка против руските воени сили.
Телевизискиот канал „Скај Спорт“ и „Дејли Мејл“ објавија дека адвокатите добиле наредба да почнат процедура за да ја прекинат соработката, која е проценета на шест милиони фунти.
Ова е продолжение на поддршката на Украина од клубовите од Премиер лигата на натпреварите минатиот викенд. Сите капитени ставија ленти со украинско знаме, а навивачите, заедно со играчите, тренерите и другите официјални лица ја искажаа поддршката со едноминутно молчење. Премиер лигата најостро ја осудува руската инвазија на Украина и повика на мир.