Сезоната за Велковски заврши, мора да оди на операција

224

Мартин Велковски нема да го видиме на терените до крајот на оваа сезона. Македонскиот репрезентативец ќе мора да оди на оперативен зафат, според информациите од клубот станува збор за повреда на лигаментите на коленото.

„Повредата на Мартин Велковски е од посериозен карактер, неопходен е оперативен зафат и сезоната за него е завршена. РК Еурофарм Пелистер му посакува брзо закрепнување“, информираат од клубот.

Велковски кој веќе неколку меча е надвор од стројот, ќе ги пресконе бараж мечевите во националниот дрес за пласман на Светското првенство 2023 година.

За денешната средба против АЕК Атина во рамките на последното коло од Европската лига во составот нема да биде и Јосип Периќ, кој на препорака на лекарите мора да мирува.

ПретходноУкраинците мислеле дека се руски шпиoни, ги спаси слика од Меси и тетоважа од Марадона
СледноПо бегството во Португалија, се „крчка“ сензационален трансфер на Роналдо