Трипл-дабл машината Јокиќ, нова историска вечер за Дончиќ (ВИДЕО)

1325

Денвер на домашен терен го совлада Голден Стјет со 131:124 благодарение на Никола Јокиќ, кој во 22 часа запиша нов трипл-дабл, 18-ти оваа сезона. Српскиот центар зад своето име запиша 32 поени, 15 скока и 13 асистенции.

Ако се земе учинокот од претходниот дуел против Њу Орлеанс, во тој случај Јокиќ за 22 часа постигнал 78 поени, 24 асистенции и 27 скока.

Голден Стејт беше ослабен, во составот го немаше најдобриот Стеф Кари, што пак беше доволна причина за да Денвер дојде до деветата победа во последните десет меча, со што ја одржа предноста пред Минесота од две победи во битката за што подобра плеј-оф позиција.

Во центарот на вниманието се најде и Лука Дончиќ. Далас ја совлада Јута со 111-103 за 40 победа оваа сезона, со 25 порази, еден помалку „џезерите“, Маверикс се наоѓаат на петото место на табелата во Западната конференција.

Дончиќ средбата ја заврши со 35 поени, 16 скока и 7 асистенции. Со овој нов учинок, тој влезе во Топ 10 листата на најдобри стрелци на Маверикс, на само 23 години. И не само ова, го изнедачи рекордот на Леброн Џејмс со 39 меча пред 24 роденден со барем 30 поени, 10 скока и пет асистенции.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Атланта 113:110 (прод.)
Филаделфија – Чикаго 121:106
Мајами – Хјустон 123:106
Минесота – Портланд 124:81
Далас – Јута 111:103
Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 117:110
Денвер – Голден Стејт 131:124
Сакраменто – Њујорк 115:131

ПретходноМлад украински кошаркар кој сонувал да игра во НБА загина во војната во Украина
СледноИ официјално ФИФА го промени правилото поради Русија