По инсистирање на менаџерот Мино Раиола, Барселона стапи во контакт со фудбалерот на Ајакс, Нусаир Мазрауи. Како што пишувавме и во минатите денови, Раиола како услов за можен трансфер на Ерлинг Халанд на „Камп Ноу“ го постави и потписот на Мазрауи, кој е исто така негов клиент.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, Каталонците му испратиле првична понуда на 24-годишниот фудбалер за да се пресели на лето како слободен играч.
Раиола веќе преговарал со Чави за позицијата на Халанд, но прв чекор до потписот на Норвежанецот е трансферот на дефанзивецот на Ајакс.