Лазаров и Нант од третото место одат во 1/8 финалето на Европската лига

124

Кирил Лазаров и Нант на гостувањето кај Спортинг во последното коло од групната фаза во Европската лига беа поразени со 31-30. Францускиот тим не успеа да ја сочува втората позицијата на табелата во осминафиналето оди како третопласиран, а за противник ќе го има составот на Фуксе Берлин.

Во финишот на мечот, токму Лазаров имаше шанса да се избори за реми, за жал не успеа да погоди.

Предводникот на македонската репрезентација натпреварот го заврши со три гола од шест обиди. Првиот го постигна пред крајот на првото полувреме за изедначување, додека останатите два во вториот дел, исто беа значајни, во „ловот“ на негативата од еден гол. За жал на крајот не успеа да донесе радост.

Ова беше доста изедначен натпревар, цената беше освојување на второто место на табелата во групата Б.

 

ПретходноПОТВРДЕНО: ФИФА ја исфрли Русија од баражите за СП 2022, одложен мечот Украина – Шкотска!
СледноБарселона го продаде името на стадионот за 280 милиони евра