ЛШ: Интер во невозможна мисија на „Енфилд“

185

Вечерва се играат реванш натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите. На програмата се два натпревари, едниот е на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Интер, а другиот е во Минхен помеѓу Баерн и Салцбург.

Интер доаѓа во градот на Битлси со „невозможна“ мисија да анулира негатива од 0:2 од првиот меч на „Меаца“. А Ливерпул ретко губи дома…

Ова е прв пат по 2008 година Ливерпул и Интер да се соочат еден против друг во ЛШ. Во февруари 2008 на „Енфилд“ Ливерпул победил со 2:0.

Ливерпул ги добил сите 34 натпревари во УЕФА натпреварувањата откако победил на првиот меч во гости – изгубил само четири реванши.

Тренерот на Интер Симоне Инзаги знае дека треба премногу да се активни за да направат чудо. Инзаги вели дека идеално за „нероаѕурите“ е рано да постигнат гол или барем да водат во првото полувреме, па во второто да запнат за втор гол.

Интер ќе го нема Николо Барела кој е суспендиран, а кај Ливерпул ќе ги нема Тијаго, Матип и Фирмино.

Салцбург и Баерн одиграа 1:1 на првиот меч. „Баварците“ се извлекоа од пораз со гол на Коман во 90. минута. На реваншот германскиот првак е апсолутен фаворит. „Баварците“ загубиле само еден од десетте дуели со австриски екипи, а тој пораз е од 1967 година. Во ноември 2020 година Баерн два пати го совлада Салцбург со вкупни 9:3.

Кај Баерн ќе недостасуваат Дејвис, Горецка и Толисо, а Салцбург ќе ги нема Кеита, Окох, Онген, Валци, неизвесен е францускиот интернационалец Соле.

ВЕЧЕРВА ИГРААТ
ЛИВЕРПУЛ – ИНТЕР     21:00 ч.
Прв меч: 0:2
БАЕРН – САЛЦБУРГ     21:00 ч.
Прв меч: 1:1

 

ПретходноСЕХА-лига засега нема да се игра!
СледноЕдна од најголемите руски спортистки порача: Нашата војска ја ослободува Европа од фашизам