Репрезентацијата на Полска со одлука на ФИФА ќе игра во финалето на плеј-оф дуелите од кои се бараат последните три европски патници на СП 2022 година.
Организацискиот комитет на Меѓународната фудбалска федерација, во врска со отстранувањето на Русија од меѓународните натпреварувања, објави дека полскиот тим автоматски ќе добие место во решавачкиот натпревар закажан за 29 март 2022 година. Во него тимот ќе се сретне со победникот од натпреварот меѓу Шведска и Чешка.
Одлуката за отстранување на руската репрезентација и клубовите од земјата од турнирите на ФИФА и УЕФА беше донесена на крајот на февруари. Русите се жалеа во Лозана, но останува да се почека одликата на спортскиот арбитражен суд.
ФИФА исто така донесе одлука за одложување на натпреварот меѓу Украина и Шкотска. Плеј-оф натпреварот закажан за 24 март, ќе се одигра на лето. На 24 март, според планираното, ќе се одигра и натпреварот меѓу Велс и Австрија.