Килијан Мбапе вчера порано го заврши тренингот со ПСЖ поради повреда, со која се здоби откако неговиот соиграч Идриз Гаја незгодно го нагазна. Лекарскиот тим веднаш го однесе на дополнителни прегледи, сите беа во шок. Првичната слика изгледаше дека нема да игра за реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
Сепак француските медиуми објавија дека повредата не е сериозна, во прашање е само удар и тој ќе игра во осминафиналето.
Откако ПСЖ го објави видеото од повредата, навивачите на ПСЖ го окупираа Инстаграм профилот на Гаја, а откако забрани коментари кај него, тие почнале да ја вознемируваат неговата сопруга.
Француските медиуми објавија за оваа ситуација, по што на социјалните мрежи се огласи Мбапе. Тој објави фотографија со Гаја и порача:
„Сите заедно. Секогаш! Ова е Париз“, на овој начин Мбапе им даде до знаење на фановите дека треба да престанат со заканувачките пораки.