Денешното издание на тиражниот „Сан“ објавува текст кој се осврнува на играчките промени кои неминовно, и дефинитивно ќе се случат на лето во таборот на Манчестер Јунајтед.
Таму на резултатски план се случува многу тежок период, и никако клубот да ја надмине пост „Алекс Фергусон“ ерата која трае веќе со години. Се променија многу менаџери, за играчи и да не зборуваме, па последната верзија е дека дури дванаесет имиња од лето нема повеќе да се на списокот во соблекувапната на Олд Трафорд.
„Сан“ смета дека деновите во Манчестер се одбројани за Кристијано Роналдо, Хери Мегваер, Виктор Линделоф, Ерик Баили, Фил Џонс, Фред, Џеси Лингард, Хуан Мата, Едисон Кавани, Том Хитон, Ли Грант и секако Мејсон Гринвуд кој во моментов има далеку поголеми проблеми од тоа дали ќе си замине од Олд Трафорд.
На дел од овие им истекува договорот, на дел ќе им биде кажани збогум, а дел клубот ќе проба да ги продаде и секако да заработи од нив.