Секељи: Секоја чест за „Чкембари“, направија фантастична атмосфера

253

Мартин Секељи со 15 одбрани, три од седум метри беше најкорисниот ракометар на Е.Пелистер на дуелот со АЕК Атина. Благодарение на унгарскиот голман, битолчани за кратко време во вториот дел го наметнаа своето темпо, а на крајот славеа со убедливи 30-19.

„Благодарност до гостите од Атина за убавите зборови упатени до мене и до мојот тим. Првото полувреме беше релативно тешко и нервозно, но бевме подготвени за ваков натпревар, знаевме дека ќе играат 4-2 и 5-1 во одбраната, во вториот дел се покажавме во вистинско светло. Честитки за „Чкембарите“ и за атмосферата која ја направија, беше фантазија и уживање да се игра во ваква убава атмосфера.“, изјави Секељи.

Е.Пелистер во осминафиналето ќе игра против Нексе, првата средба се игра на 28. март, а втората една недела подоцна.

ПретходноБабиќ: Карактерот и одбраната пресудија, им симнувам капа на момците
СледноДи Марија има понуди од три врвни клубови