Руските шпиони уапсени од Украинците за време на агресија и окупација на нивната земја не можат да очекуваат милост. Украинците се особено лути на оние кои ги саботираат агресорите во нивната позадина. Еден од главните преговарачи со Русија беше ликвидиран кога беше откриено дека работи за непријателот.
Затоа група јужноамерикански новинари, кои беа уапсени од украинската специјална полиција под сомнение дека се руски шпиони, се плашеа од најлошото. Аргентинскиот новинар Гиљермо сведочеше за оваа стиуација:
„На контролниот пункт полицијата ни ги одзеде документите, камерите, мобилните телефони и не однесе до станицата. Бевме жестоко испрашувани под сомнение дека сме саботери и шпиони.
Откако ги видоа нашите аргентински пасоши, слушнав еден полицаец како му вели на другиот, „Меси“ и „Марадона“. Потоа се променија ситуацијата. Нашиот снимател го тргна чорапот и ја покажа тетоважата на Марадона. Потоа побарав од полицијата да ми го врати мобилниот телефон за да им покажам нешто.
Ми дозволија, ја видоа мојата слика со Меси од Копа Америка 2007. Тоа дефинитивно не спаси од понатамошно испрашување. Меси, ти благодарам за оваа фотографија и фала му на Господ што сум Аргентинец!“, расакажа аргентинскиот новинар.