Дејвис: Бев лут на полувремето, ако сакаме да направиме нешто во ЛШ – не смееме да паѓаме!

549

Давид Дејвис од своето доаѓање на клупата на македонскиот првак нема пораз во Лигата на шампиони. Шпанската магија сепак му годи на Вардар 1961, кој засега чекори според планот и желбите, ќе игра осминафинале, а таму ќе има тешка задача. Веспрем е пречката за четвртфинале, тимот кој претходно го водеше Дејвис.

Против Елверум „црвено-црните“ постигнаа 39 гола, славеа убедливо. Но, Дејвис предупредува дека за нешто повеќе во ова силно клупско натпреварување, падовите не се дозволени.

„Честитики до ривалите за добрата сезона, како и до моите играчи. Задоволен сум од трите победи во низа, работевме многу. Сакав тимот да победи иако веќе го имавме обезбедено петото место. Моравме да се адаптираме, ја сменивме одбраната кога имавме негатива од три гола. Томовски беше одличен во завршницата и крилата пресекоа многу топки, сите покажаа желба за победа. Ако сакаме да направиме нешто во ЛШ, не смееме да играме со ниска концентрација во било кој натпревар“, изјави Дејвис. 

ПретходноЛШ: Бензема е кралот! „Принцовите“ се покорија пред „кралевите“ во Мадрид (ВИДЕО)
СледноЗа крај на вечерта: Пируета ала Тимур Дибиров (ВИДЕО)