Познати се составите за дуелот Вардар – Елверум: Се враќа Гаџа, но без Борко!

221

Познати се составите на Вардар и Елверум за нивниот вечерашен дуел во ракометната Лига на Шампионите. Она што нас најмногу не интересира, се разбира дека тоа е составот на Вардар добра е вест е враќањето на Анте Гаџа, но затоа во тимот го нема Борко Ристовски. Место него на голманската позиција, заедно со Мартин Томовски, ќе биде Васил Гогов.

Инаку мечот се игра вечерва во “Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот и без разлика на исходот познато е дека Вардар веќе се пласира во осминафиналето.

Сепак четата на Давид Дејвис секако дека ќе оди на победа.

ПретходноСрбинка ќе биде новата газдарица на Челзи! (ВИДЕО)
СледноРК Бутел го промовираше Мајнов во нов член на УО!