Бадијала 11-те голови на Чупиќ, ППД Загреб остана со празни раце!

147

ППД Загреб не успеа да го направи првиот чекор за да чека услуга од Вардар за место во осминафиналето во Лигата на шампионите. Хрватскиот тим беше убедливо совладан со 31-25 на гостувањето кај Алборг.

Со овој пораз, ППД Загреб сезоната во ЛШ ја завршува во групната фаза, на седмото место.

На „плинарите“ не им беше доволна ниту одличната партија на Иван Чупиќ, кој средбата ја заврши со 11 гола од 12 обиди.

Алборг групната фаза ја завршува на првото место на табелата, во четвртфиналето ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Вардар и Веспрем.

ПретходноЛЕ: Лион и Ајнтрахт (Ф) со гостински победи зачекорија кон 1/4-финалето (ВИДЕО)
СледноЈошко реди успеси: Финикас го елиминираше ПАО и се пласираше во полуфиналето на грчкиот куп