Давид се враќа во А репрезентацијата, браќата Бабунски заедно против Италија

1297

Давид Бабунски одново добива повик за А репрезентацијата на Македонија. По подолго време некогаш големата надеж на Македонскиот фудбал, сега член на тимот на Дебрецен се наоѓа на списокот на нашата најдобра репрезентација овојпат од страна на селекторот Благоја Милевски.

Бабунски одигра добри мечеви во последно време за својот тим, а она што е уште поважно е фактот што повик заедно со него добива и неговиот брат Дориан, кој по трансферот од Ботев Враца зимава токму во Дебрецин, постигна три гола и се покажа како полн погодок за Унгарскиот прволигаш.

Со ова, по подолго време имаме братски тандем во националниот дрес, и тоа пред клучниот полуфинален меч против Италија во Палермо на 24 март.

 

 

ПретходноИнтер слави 114 години постоење
СледноПМФЛ: Работнички ја „урна“ Шкендија, реми под Шара, супер – Академија, и Илчо победи …конечно… (ВИДЕО)