Убаво, отворено дерби на 22.коло во ПМФЛ. Три голови, безброј шанси, фантастичен потег на Марио Станковски и заслужена победа на Работнички над Шкендија со 2:1. Да, Шкендија во финишот можеше да дојде до бод, но претходно и Работнички, откако одигра квалитетно второ полувреме можеше и требаше многу порано да го реши мечот.
Инаку со овој пораз Шкендија падна на третата позиција и како таква “влегува“ во третиот круг.
Страшно лошо е ова за Шкендија и нејзниот тренер Бруно Акраповиќ кој денеска и дефинитивно ја загуби битката за титулата со Гоце Седлоски. По којзнае кој пат…
Ех, Бруно…Бруно…со оваа Шкендија, со најсилниот тим во ПМФЛ ти не можеш ни втор да бидеш…