Кошаркарите на Бруклин ставија на серијата од четири порази во низа, откако на гостувањето кај Шрлот славеа со 132-121.
Нетси ги предводеше Кајри Ирвинг кој постигна 50 поени, од кои девет тројки од 12 обиди. Со овој учинок Ирвинг влезе во историјата на НБА-лига како еден од 22 кошаркари кои на најмалку два меча постигнал 50 и повеќе поени.
Тој од игра имаше 75% реализација, единствен кој направил нешто слично во НБА-лигата е Мајкл Џордан.
Guards in NBA history with multiple 50-point games on 75% shooting:
1. Michael Jordan
2. Kyrie IrvingEnd of list. pic.twitter.com/Z2aLTKPSdt
— StatMuse (@statmuse) March 9, 2022
Рекордот во својата кариера Ирвинг го запиша на 12. март 2015 година кога постигна 57 поени во дресот на Клиленд против Сан Антонио после продолжение.
Нетси го превземаа осмото место на табелата со Источната конференција, имаат победа повеќе од Шарлот.
Кошаркарите на Голден стејт славеа против ЛА Клиперс со 112-97 и ставија крај на низата од пет порази. Каминг со 21 поен, 6 скока и 6 асистенции беше најефикасен, зад него беа Томпсон и Пул со 20 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бруклин 121-132, Индијана – Кливленд 124-127, Орландо – Феникс 99-102, Мемфис – Њу Орлеанс 132-111, Оклахома – Милвоки 115-142, Голден стејт – ЛА Клиперс 112-97.