Не 30.000 евра како што беше првичната информација од некои медиуми, туку 19.500 евра е казната што МВР му ја изрече на ГФК Охрид за се она што се случуваше на дербито во ВМФЛ – ЗАПАД меѓу Охрид и Вардар.
Со 5.000 евра е казнет самиот клуб, со 5.000 евра е казнет претседателот на клубот, a има уште една казна од 5.000. Додека има три казни од по 1.500 евра и за секретарот. Значи вкупната казна е 19.500 евра.
Оваа вест ни ја потврдија од луѓето од ГФК Охрид кои просто се фрапирани од висината на казната. Од сумата која треба да ја платат на МВР за се она што се случуваше на мечот со Вардар.
Интересно, оваа казна е поради немањето на адекватна безбедносна проценка на организаторот за се она што го правеа гостинските фанови. Навистина неверојатно. “Комитите“ прават проблеми, лудуваат и кршат се пред себе на тој меч а Охрид плаќа. Зарем има тука некоја правдина.
Ова е за памет на сите во Охрид следниот пат да им ги затворат капиите на ваквите навивачи. Имено Охрид направи се да има спектакл на тој меч, и имаше, околу 6.000 фанови го следеа тоа дерби, но „Комитите“ одново се “покажаа“ и сега Охрид ќе плаќа 19.500 евра, или една месечна плата на сите во клубот.
Јасно е дека челниците на клубот се огорчени, велат дека ако оваа казна навистина остане на сила тие во иднина немаат намера да играат со публика, едноставно ќе се игра пред празни трибини.
Зарем мораше да дојде до ова?