„Кралот“ Лазаров и на 41 година „лета“ (ВИДЕО)

694

Кирил Лазаров и Нант се пласираа во осминафиналето на Европската лига. Во последниот меч од групната фаза францускиот тим не успеа да дојде до бод, беше совладан кај Спортинг со 31-30 и како третпласиран патува во следната рунда каде ќе го чека двомеч со Фуксе Берлин.

Лазаров мечот го заврши со три гола, а едниот е вистинско ремек дел. Нашиот најдобар ракометар и на 41 година „лета“. При 15-15, Нант последната акција ја заврши со цепелин, реализатор беше токму Лазаров.

ПретходноБарса испрати прва понуда за Мазрауи
СледноОбрадовиќ за војната во Украина: Никој не зборуваше вака кога ја бомбардираа Србија!