Лазаров го скрати списокот, направи неколку промени за баражот со Романија

303

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го скрати списокот за бараж двомечот со Романија за место на Светското првенство 2023 година.

Предводникот на нашиот национален тим се одлучи за 21 ракометар. Во составот се враќаат Никола Маркоски и Томислав Јагуриноски, новитет е пикерот на Марко Стојаковиќ од Алкалоид. За разлика од ЕП 2022 година, Лазаров го повика и Павле Атанасијевиќ. Го нема Бојан Маџовски, како и Дејан Манасков, кој и натаму е надвор од терените, а поради повреда го нема Мартин Велковски. За овие две средби, Лазаров нема да смета на Марко Мишевски, кој исто така има проблем со повреда.

Собирот е закажан во недела (20 часот) во хотелот „Александар Палас“.

Македонија и Романија првата средба ја играат на 17. март во Скопје, додека два дена подоцна во Букурешт се игра реваншот. Доколку ракометарите го поминат овој бараж, последна пречка до Мундијалот ќе биде Чешка.

ПретходноВардар 1961 ќе игра за себе и за своите фанови, може и да му помогне на Чупиќ!
СледноБрегалница – Пелистер: Ќе победи ли конечно Илчо денеска или ќе следува ново разочарување?