ЛЕ: Лион и Ајнтрахт (Ф) со гостински победи зачекорија кон 1/4-финалето (ВИДЕО)

76

Лион успеа да слави на тешкото гостување кај Порто во првото осминафинале од Лигата на Европа. Гостите однесоа минимална победа од 1:0, која е добредојдена пред реваншот кој ќе го играат на домашен терен.

Французите до единствениот гол за победа стигнаа во 59. минута. Пакета успеа да го совлада домашниот голман и да обезбеди предност за францускиот великат. Порто до крајот имаше неколку шанси за израмнување, но мрежата на Ентони Лопез остана празна. Домашните дури и погодија во судиското продолжени епреку Мбемба, но голот беше поништен поради офсајд.

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт се враќаат со голема победа од гостувањето во Шпанија против Бетис. Избраниците на тренерот Оливер Гласнер одиграа одлично прво полувреме во кое ги постигнаа головите за победа

Најпрво Филип Костиќ имаше еден маестрален погодок во 14. минута за водство од 1:0, па по израмнувањето на Фекир во 30. минута, на сцена стапи Камада кој само три минути подоцна ја врати предноста за Германците за 2:1, што се покажа и како конечен резултат на мечот.

ПретходноМакедонија повторно на шампионат – УЕФА го проширува ЕП на 32 тимови
СледноБадијала 11-те голови на Чупиќ, ППД Загреб остана со празни раце!