Неверојатна фудбалска вечер во Мадрид. „Кралевите“ со фантастичен пресврт поттикнат од вечерва неверојатниот Карим Бензема, успеаја да се вратат од негатива од 1:0, да постигнат три гола и да ја анулираат предноста на ПСЖ од 2:0 (вкупен резултат), и да се најдат во четврфиналето на најсилното европско клупско натпреварување.
Човекот кој не случајно вечерва го доби епитетот „Крал“, Карим Бензема постигна хет-трик и покажа дека во моментов му нема рамен на голгетерската листа кај шпанскиот великан.
За ПСЖ се почна како од соништата. Имаа игра, имаа притисок кон голот на Куртоа, а го имаа и неуморниот Килијан Мбапе. Во 39. минута по една одлична комбинација со Нејмар, Мбапе ја искористи шансата и ја затресе мрежата на Куртоа обезбедувајќи им предност на гостите од 1:0.
Во ситуација кога во вториот дел Реал влезе со негатува од два гола и мораше да брка најмалку победа со два гола разлика, на сцена стапи Бензема. Прво погоди во 61. минута за 1:1, а по една фантастична акција на Лука Модриќ во 76. минута успеа да поведе и со 2:1.
ПСЖ падна во депресија и само што тргнаа од центарот, дозволија „кралевите“ да им ја одземат топката и по една брза акција да погодат преку Бензема и за 3:1. До крајот момците на Анчелоти знаеја што сакаат, а ПСЖ повторно остана со празни раце.
На дуелот во Манчестер каде се беше решено во првиот дуел која Сити славеше со 5:0, навивачите за 90 минути не успеаја да видат ниту еден гол. Домашните имаа неколку шанси и еден поништен гол, но не се трудеа премногу, па Пеп Гвардиола го искористи мечот да им даде шанса на помладите фудбалери и главно оние од клупата.