Војната во Украина, короната и сите други актуелни проблеми во светот вечерва од 21 часот ќе бидат во втор план. Имено вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, најславниот тим на планетава го дочекува најбогатиот. Овие епитети ги искажавме и пред првиот меч кој се одигра во Париз и во кој ПСЖ победи со 1:0, но нема ништо лошо ако ги повториме.
Фудбалски спектакл на “Бернабеу“, Реал ќе мора против Мбапе, Меси и Нејмар, можеби најсилниот по имиња напад во историјата на фудбалот.
Реал Мадрид тргнува со негатива од 0:1, токму со голот на Мбапе, веројатно идниот член на “кралевите“, на овој реванш. Реал Мадрид добро знае како се играат овие мечеви, но “светците“ исто така добра знаат дека сезонава мора, ама баш мора да дојдат не само до финалето во ЛШ во Париз на „Сен Дени“ туку мора и да го освојат „ушлето“.
Нема дилеми, Мбапе ќе игра, повредата од вчера не била толку страшна, тука е и Меси кој и тоа како добро знае како се тресат мрежите на “Бернабеу“, а да не го заборавиме и Нејмар.
Само еден од овие тима ќе одат во следната фаза, само еден од овие два тима ќе „сонуваат“ за пехарот во ЛШ.
Подгответе се за 21 часот, за мечот кој ќе ги фрли сите светски проблеми во втор план.
Ова не се пропушта…
Инаку вечерва се игра и втор меч, оној во Манестер меѓу Сити и Спортинг Лисабон. Тимот на Гвардиола се веќе во 1/4 финалето, тие 5:0 од Лисабон од првиот меч им даваат за право на “граѓаните“ вечерва малку и да одморат.