Остануваат уште две недели до историскиот полуфинален меч од плеј-офот за пласман на СП во Катар на гости кај Италија. Сите веќе одамна знаат дека се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо на 24 март со почеток во 20:45 часот. И сите веќе одамна знаат дека ако победиме тогаш во финалниот меч се среќаваме со победникот од второто полуфинале меѓу Португалија и Турција.
Сепак ние без разлика дали ќе победиме или загубиме од Италија не очекува меч со Португалија на “Драгао“ во Порто или со Турција во Коња.
Имено ако ја победиме Италија тогаш во Порто или Коња ќе патуваме како финалисти, додека ако загубиме во Палермо тогаш или во Порто или во Коња ќе играме за трето место, и тоа на 28 март. Овој меч за трето место не носи ништо, се игра само за престиж и ТВ права, се разбира и за ФИФА бодови.
Секако дека сите посакуваме на 28 март да играме финале…