Репрезентацијата на Македонија ќе има уште полесен пат до Европското првенство доколку УЕФА го потврди новиот формат. Според информациите УЕФА го прошири ЕУРО од 16 на 24 тимови во 2016 година, но сака да го смени тоа и да го прошири на 32 тимови кои ќе играат на ЕП 2028.
Значи 32 од 55-те членки на УЕФА ќе бидат на завршниот континентален турнир.
Од друга страна овој план доби отпор од Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА) затоа што бројот на натпревари ќе скокне од 39 на 64, а воедно ќе го стави под притисок квалификацискиот систем.
Исто ката ПФА повикува на намалување на квалитетот на ова натпреварување.
„Преку овој модел децата не можат да ги видат најдобрите верзии од своите фудбалски идоли. Тоа е реалноста. Точно дека ова ќе биде добро од финансиска гледна точка, меѓутоа помислете на квалитетот“.