Мбапе воодушевен од својот иден стадион (ВИДЕО)

740

Килијан Мбапе беше јунак на својот тим на првата осминафинална средба меѓу ПСЖ и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, тој го постигна единствениот гол.

Францускиот репрезентативец допатува со својот тим во Мадрид за реванш мечот, вечерва ќе игра уште од првата минута, повредата не е сериозна.

Мбапе е во центарот на вниманието се следи секој негов чекор, добро е познато дека со месеци се зборува дека следното лето ќе го облече дресот на Реал Мадрид. По пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“, тој го „скенираше“ стадионот.

По она што може да се види, Мбапе е воодушевен од овој стадион, кој се уште е во процес на реновирање и ќе биде еден од најубавите и најмодерни во светот кога целосно ќе заврши реновирањето.

 

Видеото стана за кратко време хит на социјалните мрежи.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ се игра со почеток во 21 часот.

ПретходноЃоковиќ во ждрепката за Индијан Велс, но може да му се случи Австралијан опен?
СледноМатлиески: Алкалоид има силен тим, ние ќе се обидеме да останат фаворити на хартија!