Македонија ЃП со 1:3 успеа да ја победи квалитетната екипа на Струга ТЛ. Ова беше шеста победа во серија на “лавовите“, четврта оваа пролет. Само тие ги имаат сите победи во оваа полусезона. Сега и Европа преку првенството не е далеку. А. Пандев која е втора им бега на “лавовите“ три бода, додека Шкендија само два.
По мечот во Струга и по триумфот за „Спортмедиа“ свој коментар има тренерот Муарем Бајрами.
“Па, искрено не се оптоваруваме со тоа дали ќе бидеме втори, трети или четврти. Секако дека сакаме да бидеме втори или трети со што ќе излеземе сигурно на евро- сцената, но сега не мислиме на тоа. Одиме чекор по чекор. Да кажам дека не е мала работа да се победи една Струга ТЛ на нејзин терен. Јас сум горд на моите играчи, денеска беа одлични, сите честитки за нив, ова беше наша најдобра партија пролетва. Браво за момците“ посочи Бајрами.