По дуелот меѓу Лиеткабелис и Партизан во Еврокупот, искусниот стратег на „црвено-белите“ доби провокативно прашање од страна на литванските новинари. Тие побараа од него да ја коментира руската агресија во Украина.
„Ова не се случува првпат. Имам 62 години и памтам многу работи во мојот живот. Не можам да се сетам дали луѓето толку многу зборуваа како сега. Мојата држава беше бомбардирана во 1999 година и не видов дека луѓето зборуваат за тоа“, рече Обрадовиќ, па продолжи:
„Исто така за Ирак, Сирија, Авганистан, но сега сите зборуваат само за војната во Украина. Луѓето имаат право да зборуваат…Секако, и јас против секаква војна, страшно е да погине макар еден човек во било која војна“, додаде искусниот стратег.