Пех за Лестер: Варди се повреди и ќе паузира еден месец

173

Менаџерот на англиски Лестер, Брендан Роџерс, потврди дека напаѓачот Џејми Варди е повреден и ќе отсуствува од терените цел месец.

„Џејми ќе го пропушти нашиот натпревар од Конференциската лига против Рен. За жал, тој се повреди на последниот натпревар, има повреда на коленото, ќе биде надвор од терените 3 до 4 недели“, изјави Роџерс.

Роџерс вели дека дефанзивецот Весли Фофана е позитивен на коронавирус и нема да биде достапен за натпреварот од осминафиналето на Конференциската лига против француски Рен.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Мбапе го „расплака“ Бернабеу, мирно на „Етихад“ (ВИДЕО)
СледноВардар победнички во осминафиналето, дебакл на Елверум во Скопје (ФОТО)