ПМФЛ: Работнички и се заканува на Шкендија, лидерот под Шара, Струга ТЛ против „лавовите“…

250

Денеска од 14 часот ќе се одиграат петте мечеви од 22.коло, оние кои поради снегот беа одложени во неделата. Познато е дека Тиквеш во саботата го победи Скопје, па така по денешните мечеви ќе се знае и распоредот во третиот круг.

Дербито се игра на Арената, Работнички ја дочекува Шкендија. Од таборот на домашниот состав не кријат дека сакаат добар резултат против актуелниот шампион.

Шкендија е шампион, еден од најдобрите тимови во ПМФЛ. Секако дека ги респектираме тетовци, така и треба. Сепак, ние веруваме во нашиот квалитет и верувам дека можеме да оствариме добар резултат“ вели Бурхан Мустафа, голманот на Работнички.

Костадин Захов, чуварот на мрежата на Шкендија истакнува…

Факт е дека сме фаворити, без разлика што Работнички е осми на табелата нема да биде лесно. Мора да дадеме се од себе за да победиме. Добриот терен ќе ни овозможи да наметнеме свој стил на игра“.

Ренова во Тетово го дочекува Шкупи. Тоа ќе биде уште едно дерби во ова коло. Уште еднаш на дело ќе го видиме тренерскиот дуел меѓу Ќатип Османи и Гоце Седлоски. Во секој случај очекуваме одличен меч.

„Ќе играме како што игравме и досега, напаѓачки со цел да победиме. Ренова ја респектираме, но ние си имаме свои цели и амбиции. Доколку ги исполниме задачите на нашиот тренер Гоце Седлоски не би требало да имаме проблем да дојдеме до нова победа“ најавува Марјан Радески, офанзивецот на Шкупи.

RADESKI: SHKOJMË PËR TRE PIKËT E RADHËS

Струга ТЛ на свој терен ја дочекува Македонија ЃП. И двете екипи располагаат со квалитет, и двете екипи посакуваат победа, тука нема дилеми.

Свесни сме за квалитетите на Македонија ЃП. Сепак ние сме Струга ТЛ, максимално сме подготвени и не криеме дека сакаме нови три бода со цел да ја продолжиме серијата со позитивни резултати“ изјави Арион Зиба, фудбалерот на стружани.

May be an image of 1 person, standing and grass

А.Пандев дома го дочекува Борец и не би требало да има проблеми, додека во Штип домашната Брегалница посакува прв пролетен триумф.

ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП

РЕНОВА – ШКУПИ

БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР

А.ПАНДЕВ – БОРЕЦ

ОДИГРАНО:

ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 3:0

ПретходноПо двата порази од Грузија, Македонија падна едно место на светската рејтинг листа
СледноВардар 1961 ќе игра за себе и за своите фанови, може и да му помогне на Чупиќ!