По двата порази од Грузија, Македонија падна едно место на светската рејтинг листа

115

Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 53. место на светската рејтинг листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на февруарскиот „прозорец“ во рамките на квалификациите за Светскиот Куп 2023 година.

Двата порази од селекцијата на Грузија ја симнаа Македонија едно место подолу. Со вкупно  201.5 освоени поени, нашата најдобра селекција ја зазема 30 позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Двете победи над нашата најдобра селекција ја „качија“ селекцијата на Грузија на 36 место во светскиот, а на 18. во европскиот ранкинг.

Украина, со која треба да играме во следниот прозорец, остана на позицијата број 32 во светскиот и 16. во европскиот поредок на ФИБА.

Актуелниот светски првак, репрезентацијата на Шпанија, со која ќе играме на 1. јули на гостински терен, е лидер во европскиот поредок. „Црвената фурија“ има 724 поени со кои е пред Франција, Словенија Србија и Литванија. Пред нив е само селекцијата на САД, која во овој момент има 763.4 поени во вкупниот рејтинг во машка конкуренција.

ПретходноМатлиески: Алкалоид има силен тим, ние ќе се обидеме да останат фаворити на хартија!
СледноПМФЛ: Работнички и се заканува на Шкендија, лидерот под Шара, Струга ТЛ против „лавовите“…