РК Бутел го промовираше Мајнов во нов член на УО!

145

И официјално Лазо Мајнов е нов член на раководството на РК Бутел. Тој е член на Управниот Одбор на клубот, а воедно е и Извршен директор на РК Бутел.

Некогашниот македонски репрезентативец, кој сега има 41 година, заврши со активното играње ракомет во 2018 година во Ал-Наср од Дубаи. Зад себе десниот бек има богата кариера и ги носеше дресовите на романскиот Одорхеи, норвешкиот Елверум, белорускиот Мешков Брест, францускиот Трембле, хрватскиот Загреб, а на домашна сцена играше за Вардар, Металург и Еурофарм Работник.

Сакам да се заблагодарам на управата на клубот за довербата која ми ја дадоа да бидам извршен директор на Бутел Скопје. Драго ми е што после пауза од четири години се враќам во ракометот во друга функција и тоа во клубот во кој ги имав првите чекори во ракометот. Ќе се залагаме во општина Бутел да отвориме школи во секое училиште за да го подигнеме ракометот со млади и нови таленти, изјави Мајнов.

May be an image of 2 people and people standing

 

Претседателот Влатко Тасевски го објасни ангажманот на некогашниот десен бек…

Целта на ангжманот на Мајнов ни е да ја зголемиме управувачката структура во клубот, со цел подобри резултати, подобри услови и популаризација на ракометот на територија на општина Бутел. Планот ни е да отвориме школи за младински категории во три населби – Бутел, Радишани и Визбегово. Како клуб којшто се грижи за иднината на младите, преку ракометот тие ќе имаат можност да развијат физички вештини, да вежбаат, да се дружат, да се забавуваат, да научат што е тимска работа, да научат да играат фер и да ја подобрат својата самодоверба. Во однос на првата екипа, плановите се место во ТОП 3 во Суперлигата и чекор напред на европска сцена, изјави претседателот Влатко Тасевски

ПретходноПознати се составите за дуелот Вардар – Елверум: Се враќа Гаџа, но без Борко!
СледноФФМ донираше 4200 фудбалски топки на клубовите од Детската лига и Училишен фудбал