Тимошчук одби да ја напушти Русија, па го избришаа од фудбалската историја

437

Анатолиј Тимошчук, поранешниот украински фудбалски репрезентативец е еден од ретките Украинци кои продолжуваат да бидат дел од рускиот фудбал. Андреј Воронин, Јарослав Гоџур, Денис Кулаков, Артем Пољарис, Дмитриј Еванисењ и Јарослав Ракицки веќе ја напуштија руската Премиер лига и кариерите ќе ги продолжат во други екипи. Според информациите тоа не го направил и Тимошчук, поранешниот играч на Шахтјор, Баерн Минхен и на Зенит од Санкт Петерсбург.

Тој од 2017 година е помошник во Зенит, а тој не сака да ја напушти Русија.

Поради одбивањето да се врати во Украина, Тимошчук се соочи со омраза. Го избришаа од фудбалската историја. Му ги избришаа сите титули со Шахтјор, сите државни награди, па дури и тренерската лиценца која ја стекнал во родната земја.

„Како можеш да молчиш и да продолжиш да работиш таму? Игравме заедно во ист тим, со гордост го носевме дресот на Украина, ја пеевме химната, победувавме и губевме. Сега молчиш? Толик (прекарот на Анатолиј), како ќе живееш со ова?“, му порача поранешниот украински репрезентативец Евгениј Левченко.

Критики дојдоа и од актуелниот украински репрезентативец Руслан Малиновски.

„Не можам да ја објаснам неговата позиција во оваа ситуација, но мислам дека е погрешна. Тој повеќе не е легенда на украинскиот фудбал. Така ќе биде со сигурност“.

 

ПретходноКрај на 20-годишната успешна соработка: Италијанците ќе имаат нов спонзор
СледноНеверојатно: Два дена, два меча, исти ривали и ист резултат