Ѓоковиќ во ждрепката за Индијан Велс, но може да му се случи Австралијан опен?

275

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот на учесници за турнирот од серијата Мастерс 1000 во Индијан Велс, но ова не значи дека ќе заигра. Според одредени медиуми, тој може да помине низ истото сценарио како на Австралијан опен, причината е иста.

Ѓоковиќ и натаму не е вакциниран, што пак е важен предуслов за влез во Америка.

„Ѓоковиќ е ставен на списокот на играчи кои би можеле да заиграат на турнирот, затоа се наоѓа и во ждрепката. Ние сме во постојана комуникацијата со неговиот тим. И натаму не е одлужено дали ќе настапи, бидејќи му е потребно одобрување од центарот за контрола и превенција при болести за влез во САД. Кога ќе имаме повеќе информации ќе излеземе одново со соопштение“, велат организаторите на турнирот.

Ѓоковиќ не успеа да заига на Австралија опен, доколку добие дозвола да учествува на Индијан Велс, ќе се најде во второто коло на турнирот кој го има освоено пет пати.

ПретходноЕдинствени во НБА-лига: Кајри Ирвинг како Мајкл Џордан (ВИДЕО)
СледноМбапе воодушевен од својот иден стадион (ВИДЕО)