Јошко реди успеси: Финикас го елиминираше ПАО и се пласираше во полуфиналето на грчкиот куп

125

Некогашниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, продолжува да ниже успеси со грчкиот прволигаш Финикас. Денеска во четврфиналето на Купот на Грција, Финикас направи сензација победувајќи го Панатинаикос на гостински терен со 3:1 со што обезбеди пласман на завршниот Ф4 турнир кој ќе се одржи во април.

Панатинаикос во моментов е лидер на табелата во грчката А1 лига и реално беше голем фаворит на дуелот со тимот на Миленкоски. На Ф4 турнирот пласман обезбедија и Олимпијакос и Пигасос, додека четвртиот учесник се бара од дуелот меѓу ПАОК и екипата на Керкира.

Миленкоски од пред извесно време ја презема и селекторската функција во репрезентацијата на Црна Гора со која наскоро ќе ги има и првите активности.

 

ПретходноБадијала 11-те голови на Чупиќ, ППД Загреб остана со празни раце!
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Мбапе го „расплака“ Бернабеу, мирно на „Етихад“ (ВИДЕО)