Брегалница – Пелистер: Ќе победи ли конечно Илчо денеска или ќе следува ново разочарување?

311

Попладнево во Штип, на стадионот под Исарот, домашната Брегалница го дочекува Пелистер. Битолчани доаѓаат во Штип со Марјан Секуловски, стратегот кој ја внесе во ПМФЛ, стратегот кој последен пат и донесе триумф на оваа екипа.

Имено затоа се поставува прашањето дали конечно Илчо Ѓорѓиоски во својот четврти меч како тренер на „сините“ ќе успее да дојде до својата прва победа или пак ќе следува ново разочарување?

Порази од Ренова и Македонија ЃП, реми само и тоа едвај со Струга ТЛ. Освоен е само еден бод од можни девет, и ако се смета само пролетниот дел тогаш Брегалница е последна на табелата.

Брегалница мора да победи денеска и поради фактот дека со три бода “сините“ би биле во горната „шесторка“ на табелата, што значи во третиот круг ќе имаат еден меч повеќе на свој терен.

Сепак Пелистер, иако е последен, многу тешко се победува. Добро знаат и Тиквеш и Работнички, а посебно Ренова во Охрид која против битолчани освои само бод.

ПретходноЛазаров го скрати списокот, направи неколку промени за баражот со Романија
Следно„Комитите“ прават инциденти, а МВР го казнува ГФК Охрид со 19.500 евра!!!