Полувреме: МАГИЈА на Марио Станковски, фантастични “пандевци“, без голови под Шара! (ВИДЕО)

382

Прекрасниот, магичниот гол на Марио Станковски за Работнички против Шкендија во 22.минута е белегот на првите полувремиња од петте мечеви од 22.коло во ПМФЛ. Вистинска мајсторија, сепак треба да се каже дека капитенот на Работнички во 44.минута утна зицер, сам беше пред Захов и не успеа да погоди. Инаку на пауза се замина со 1:1, Шаља во 25.минута израмни за Шкендија.

Академија Пандев си го „гази“ Борец. Води со 3:0 со головите на Манев, Маронг и Горгиев, но уште два гола на струмичани им беа поништени поради офсајд.

Брегалница со голот на Џокиќ води со 1:0, додека на мечот меѓу Ренова и Шкупи под Шара нема голови. И во Струга „лавовите“ водат со 0:3 со головите на Попзлатанов,Стојкоски додека третиот беше постигнат во 45+2.минута.

ПретходноКеш исплата, бонус и кеш-добивка на единствената легална платформа за интернет игри на среќа во земјава, 2WIN.MK
СледноМакедонија во Порто или Коња ќе игра како финалист или само за трето место?