Алкалоид му одржа час по ракомет на Голден Арт (ФОТО)

349

А требаше да биде дерби на колото во Првата лига. Се чини од првата пресметка оваа сезона се промениле многу работи, некој напредувал, а некој останал на исто ниво. Едно се зборовите, сосема поинаку е на теренот.

Алкалоид како од шега ја доби дерби пресметката со Голден Арт, на гостински терен славеше со убедливи 29-35 (13-21). Со овој триумф дебитантот запоседна на врвот на табелата во групата Б и потврди зошто местото му е во Супер-лигата.

Мартин Серафимов со седум гола беше прв стрелец, еден погодок помалку постигнаа Кофиловски и Стојковиќ, на другата страна Илиев имаше осум гола.

Неизвесност видовме само во првите 15 минути. По 11-12, гостите со серија од 1-7 дојде на плус седум (12-19), а на одморот заминаа со водство од осум гола (13-21).

Избраниците на Љубомир Савевски не застанаа, продолжија во силен ритам, па набрзо на семафорот стоеја двоцифрени 18-28. Ракометарите на Алкалоид не застанаа, продолжија да ја полнат мрежата на противникот, кој беше неможен во секој сегмент на играта. Гостите дојде на плус 11 (20-31) и ставија крај на сите дилеми, ако воопшто ги имаше на оваа средба.

ПретходноЛЕ: Севилја со минимален триумф над Вест Хем (ВИДЕО)
СледноФОТО НА КОЛОТО: Кога Влатко се смее…