Веспрем победнички пред Вардар, во Париз паднаа 79 голови

139

Вечерва се одигра последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони. Во центарот на вниманието беше дуелот меѓу ПСЖ и Веспрем. Во Париз паднаа вкупно 79 гола, а победник излезе унгарскиот тим, кој славеше со 39-40.

Веспрем е противник на Вардар 1961 во осминафиналето, со ова издание против францускиот состав испрати порака до својот поранешен тренер, Давид Дејвис да го подготви тимот добро.

Петар Ненадиќ со девет гола од 11 обиди беше прв стрелец, на другата страна Карабатиќ имаше осум погодоци од 12 обиди.

Од групата Б, директно место во 1/4 финалето обезбедија Келце и Барселона, додека ПСЖ, Веспрем, Порто и Фленсбург ќе играат осминафинале.

ПретходноЧелзи со убедлив триумф кај Норвич, супер гол на Бруно за Њукасл! (ВИДЕО)
СледноЛЕ: Ренџерси со ТРОЈКА ја “поздравија“ Ц. Звезда, Галата одигра 0:0 на “Камп Ноу“! (ВИДЕО)