Двете најдобри екипи од Првата лига, група Б, ќе го одиграат дерби натпреварот во рамките на 17. коло. Голден Арт е домаќин на Алкалоид, мечот се игра со почеток во 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.
По одиграни 16 дуели во Првата лига, двете екипи имаат 15 победи и едно реми. Токму едната нерешена средба доаѓа од нивната меѓусебна пресметка, Алкалоид имаше отворен пад да дојде до победата, но Голден Арт во самиот финиш се врати и се избори за крајни 25-25.
Со оглед на тоа дека станува збор за навистина интересна пресметка истата ќе биде директно пренесувана на МТВ.