Договорите на Рудигер, Аспиликуета и Кристенсен не можат да бидат продолжени

242

Челзи во моментов има огромен проблем во името на соспственикот Роман Абрамович кој е протеран од Англија, а неговиот имот е замрзнат вклучувајќи го и самиот клуб. Ситуацијата воопшто не е наивна, клубот е на сред сезона, не може да биде продаден поради одлуките на институциите во Англија, а автоматски на тоа не може ниту да бидат обавени уште неколку „операции“ кои се дел од нормалното функционирање на клубот.

Како на пример потпишување на договори со актуелните играчи на клубот. Па така, Антонио Рудигер, Цезар Аспиликуета, и Андреас Кристенсен, нема да можат и да сакаат да потпишат нови договори со клубот. Нивните актуелни договори завршуваат на лето, што значи дека сите тројца во следниот преоден рок ќе бидат слободни. Ова е статус кво ситуација се додека Роман Абрамович е сопстеник на клубот уште еден голем проблем кој не го засега само него, туку и во случајов играчите на тимот.

Како ќе се реши оваа навидум многу делитакна ситуација во моментов не е познато, но станува јасно дека Челзи го чекаат многу неизвесни денови.

 

ПретходноШкупи со публика в сабота против Работнички
СледноДерби за врвот во „Јане Сандански“