Историја: 17 години од своето деби, синоќа повторно заигра во ЛШ

719

Голманот на Манчестер Сити, Скот Карсон, синоќа имаше историско достигнување, откако влезе во игра на мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Спортинг (Л). Тој влезе како резерва на местото на Едерсон во 73. минута и со тоа направи прв настап на турнирот по цели 16 години и 334 дена од неговото деби, што е рекорд.

Карсон моментално има 36 години. Во 2005 година, тој се пресели од Лидс во Ливерпул и остана на клупата во познатото финале во Лигата на шампионите против Милан, кое „црвените“ го освоија на пенали. Карсон играше во еден од четвртфиналните натпревари со Јувентус, кога исто така беше рекордер. Поранешниот англиски репрезентативец во својата кариера има одиграно вкупно 522 натпревари во сите натпреварувања, од кои на 154 нема примено гол.

ПретходноЧелзи е „замрзнат“ и не може да биде продаден
СледноБензема ја навестил својата незаборавна голгетерска вечер