Во првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на Конференции, Партизан на свој терен доживеа вистински дебакл. Поразен е од Феенорд со 2:5. Интересно е тоа што српскиот тим двапати водеше, играше добро во првото полувреме и со головите на Натхо во во 13. и Јовиќ во 46, водеше со 2:1. Сепак потоа тимот од Холандија се разигра, инаку гостите на 1:1 израмнија во 20.минута преку Торнста, за да потоа со головите на Десерс, Гертруида, Синистра и одново Торнста до врв ја наполни домашната мрежа.
Рома со голот на Олиевира славеше победа од 0:1 кај Витесе, додека ПАОК на свој терен го победи Гент со 1:0 и тоа со голот на Куртиќ. Славија Прага со 4:1 убедливо го победи составот на Ласк.