Нејмар и Донарума за малку ќе се степале во соблекувалната

732

Бразилецот Нејмар и голманот на ПСЖ Џанлуиџи Донарума за малку ќе се степале во соблекувалната на ПСЖ по поразот од Реал Мадрид.

Францускиот клуб испадна од Лигата на шампионите, по синоќешниот пораз во реваншот со 3:1.

Играчите влегоа во сериозни расправии околу начинот на кој го одиграа дуелот. Посебно се прекоруваа за грешките направени на теренот, кои подоцна беа клучни за победата на „кралевите“.

Бразилецот сметал дека Донарума е директен виновник за пресвртот кој го направија домашните, затоа што направи глупава грешка при првиот гол на реал. Италијанецот му рекол на Нејмар дека тој, пак, го оставил Модриќ да го креира вториот гол на „кралевите“.

Конфликтот за малку ќе прераснел во тепачка. Ситуацијата ја смириле останатите играчи на парискиот клуб кои биле во тој момент близу до нив.

ПретходноСедма година по ред Меси финалето на ЛШ ќе го гледа на телевизија
СледноЛЕ: Барса и Севиља го продолжуваат походот кон финалето