Како домино ефект во последните 24 часа пристигнуваат лошите вести на адреса на тимот на Челзи. По “замрзнувањето“ на целиот имот на Роман Абрамович, вклучувајќи го тука и самиот клуб, следуваше е санкцијата со која се забранува да се продаде самиот клуб на нов сопственик, да се потпишуваат нови договори со играчите, и да се продаваат сезонски билети.
Конечно, од денеска и еден спонзорите на Челзи, комуникациската компанија „Три“, објави дека ги преиспитува односите со клубот по санкциите што британската влада ги воведе на сопственикот на Лондон, Роман Абрамович. Компанијата, која е претставена на дресовите на „сините“, објави соопштение во кое вели: „Во моментов сме во разговори со Челзи и ја преиспитуваме нашата позиција“.