Ѓоковиќ до крајот на март ќе остане без настап на АТП турнир

336

Новак Ѓоковиќ до крајот на овој месец ќе пропушти уште два Мастерс турнири. Пред се Мастерсот во Индијан Велс, кој започнува денеска, а потоа и оној на Флорида во Мајами, два турнири на кои имаше многу успех во минатото.

Србинот сега нема да може да освои голем број бодови, што ќе се одрази на неговиот скор на АТП листата, додека конкурентите од врвот имаат можност да се оддалечат од него или да му се доближат.

Џејмс Блејк, директорот на Мастерсот во Мајами, вели дека од самиот почеток им било јасно дека на Ѓоковиќ ќе му биде тешко да се појави таму.

„Од самиот почеток ни беше јасно дека учеството на Новак Ѓоковиќ на Мајами опен зависи исклучиво од неговото предвремено доаѓање во САД и беше јасно дека такво нешто е на долг рок. За среќа, имаме неверојатно силна и талентирана група играчи, се надеваме дека ќе имаме одличен турнир“, рече Блејк.

Крис Видмајер, портпарол на Американската тениска федерација (УСТА), изјави дека организаторите на натпреварот во Индијан Велс и Мајами немаат никаков коментар освен дека овој турнир бил воден од владините инструкции во врска со пандемијата на коронавирусот. Најавите велат дека Новак повторно ќе почне да игра во април на Мастерсот во Монте Карло.

ПретходноЛЕ: Барса и Севиља го продолжуваат походот кон финалето
СледноАзербејџан се повлече од Сребрената лига, ќе има промени во групата на Македонија