Азербејџан се повлече од Сребрената лига, ќе има промени во групата на Македонија

412

Одбојкарската репрезентација на Азербејџан го откажала своето учество во годинешното издание на ЦЕВ Сребрената европска лига, што најверојатно ќе доведе до прекомбинирање на двете групи за првата фаза од годинешното натпреварување во кое учествува и нашата одбојкарска репрезентација.

Според информациите, во групата „А“ во која беше Азербејџан сега остануваат само селекциите на Финска и Унгарија, па нив треба да им се приклучи една од селекциите кои беа извлечени во нашата група „Б“, каде покрај Македонија се и селекциите на Албанија, БиХ и Романија.

ЦЕВ ја разгледува можноста поради намалување на трошоци за патување, во групата „А“ да се преселат Романците, а ние со Албанија и Босна и Хрецеговина да останеме во втората група. Сепак, одлуката не е финална. Откако ќе дојде до прекомбинирање на групите, најверојатно ќе има и промена на распоредот и термините на натпреварите.

Според првичниот распоред, Македонија настапите во ЦЕВ Сребрената европска лига требаше да ги почне на 25 мај на домашен терен со натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина.

ПретходноЃоковиќ до крајот на март ќе остане без настап на АТП турнир
СледноДончиќ не знае да си го „собере јазикот“: Две технички го делат од суспензија