Бензема ја навестил својата незаборавна голгетерска вечер

1886

Карим Бензема синоќа имаше свое гол шоу против тимот на ПСЖ во рамките од Лигата на Шампионите. Иако гостите на Сантијаго Бернабе преку Килијан Мбапе поведа, сепак, следуваше потоа петнаесетминутно шоу на Бензема и три гола по ред за елиминација на противникот и пласман во 1/4 финалето.

Уште поинтересно е што утринава во јавноста е објавена преписка помеѓу Бензема и неговиот добар пријател, раперот Никси во која голгетерот едноставно најавува што ќе се случи.

„Ќе биде експлозивно. ПСЖ нема ништо да направи и ова ќе биде моја вечер“ – му напишал Бензема на својот пријател.

Па така, како што сите видовме, ПСЖ навистина ништо не направи, а Бензема испиша уште една златна страница од својата импресивна, легендарна фудбалска кариера.

FOTO EPA

ПретходноИсторија: 17 години од своето деби, синоќа повторно заигра во ЛШ
СледноФудбалска Македонија во шок: Почина Марио Ѓурчиновски